Шпанец ќе заигра во Украина

Ако своевремено шпанските интернационалци беа во најголем дел членови на најдобрите германски, француски, унгарски клубови…ова лето дел од нив се преселија во косовски, грчки, украински тимови…

Еден од нив е левиот бек Карлос Молина, кој по неуспешните авантури во бундеслигашот Магдебург и португалската Бенфика, се сели во Украина.

Молина потпиша договор на две години со украинскиот првак Мотор Запорожје и ќе има можност да настапува во Лигата на шампионите, што веројатно било и најголем предизвик за него при овој потпис.

Тој потекннува од каталонскиот гигант Барселона, но не стигна да заигра за првиот тим. Беше дел од Уеска, КАИ Арагон и Ла Риоха, пред да ја започне интернационалната кариера.