Шола поднесе оставка во Загреб, познат неговиот наследник – екс македонски селектор

После само четири месеци на клупата на ППД Загреб поранешниот хрватски репрезентативен голман Владо Шола поднесе оставка. Главна причина за ваквиот потег се слабите резултати од кои не е задоволен самиот Шола.

На негово место доаѓа Ивица Обрван кој во минатото беше и селектор на репрезетнацијата на Македонија, а пред само неколку дена беше промовиран како нов селектор на БиХ.

„Ме повикаа од клубот, ситуацијата не е баш добра а јас не сум волшебник. Раговарав со Шола, го гледав ППД Загреб и знам што ме очекува. Можам само да кажам дека Загреб е голем клуб и сите кои играат во неговиот дрес треба добро да го знаат тоа. Единствено заеднички можеме да направиме чекор напред. Колку ќе напредуваме, во овој момент е тешко да се каже но секако е цел добро да ја завршиме сезоната и да го поправиме впечатокот. Ја ќе направам сè за да биде така“, изјави Обрван за sportske.jutarnji.hr.

Промените во Загреб се случуваат сè почесто, Обрван е веќе трет тренер оваа сезона. Ивица Обрван по вторпат ќе седне на клупата на Загреб откако претходно го предводеше од 2010 до 2012 година.