Шок за Германија – седум позитивни играчи, Гисласон веднаш повика замени

На последните направени тестирања во редовите на Германската репрезентација, позитивни биле пет ракометари.

Во новата тура позитивни играчи на ЕП се придружуваат голманот Андреас Вулф, десниот бек Каи Хефнер, централниот бек Лука Вицке, десното крило Тимо Кастенинг и ракометарот кој игра на позиција лево крило, Лукас Мертенс.

Претходно во репрезентацијата на Германија позитивни беа Хендрик Вагнер и Јулиус Кун. Позитивните играчи од Германија веднаш се изолирани од остатокот од тимот.

Селекторот Алфред Гисласон веднаш повика замени со кои Германија сигурно ќе го одржи нивото. Тоа се Јоханес Битер, Руне Дамке, Себастијан Фирннхабер, Пол Друкс и Фабијан Виде.

Германија денеска го игра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство. Противник на Германија е селекцијата на Полска и денешниот натпревар против Полјаците е одлучувачки за првото место во рамките од Групата Д.

Избраниците на Алфред Гисласон на првите два одиграни натпревари забележаа победа против Белорусија и Австрија.

Натпреварот меѓу Германија и Полска започнува со почеток од 18:00 часот.