Шего: Ова не може да се опише со зборови

Голманот на репрезентацијата на Хрватска, Марин Шего уште еднаш ги покажа своите квалитети и во најважните моменти беше на потребното ниво. Шего имаше вкупно единаесет интервенции меѓу кои беше и ударот во последниот напад на Норвешка.

По натпреварот голманот имаше краток коментар за изданието.

„Не може со зборови да се опише оваа победа. Одигравме врвен натпреар. Продолженијата беа невидени. Се боревме до последен меч. Покажавме карактер и се враќавме во натпреварт, а на крајот Муса даде гол за победа“, изјави Марин Шего.

Репрезентациајта на Хрватска по пауза од десет години повторно е во едно финале на големите натпреварувања.  На финалниот натпревар Шего ќе мора уште еднаш да биде на високо ниво за да помогне на својот тим да стигне до златниот медал.