Шеваљевиќ: Чест е да се игра за Вардар

Најново засилување за тимот на Вардар е црногорскиот лев бек Васко Шеваљевиќ. Тој играше на дуелот со Нексе во СЕХА, а дебитираше и во Лигата на шампионите против Порто.

Шеваљевиќ вели дека полека се вклопува во екипата и дека новата тактика и новиот начин на игра не се проблем за него.

„Јас од четвртокот сум тука, се приклучив на екипата и одработив неколку тренинзи. Првите впечатоци се многу добри, нормално. Првиот натпревар ми беше против Нексе, тоа беше еден увод за мене со само неколку тренинзи. Беше тоа промена за мене и за кратко време требаше да се вклопам во екипата. Нова тактика, но за мене не претставува проблем, и како што одминува времето така подобро се вклопувам во екипата. Во натпрeварот со Порто требаше да имаме предност од повеќе голови на полувреме, но тоа се испуштени бодови, на нашите грешки во второто полувреме влеговме во нивниот ритам. Јас се враќам во Лигата на шампионите по долго време, последен пат играв додека бев член на Динамо Минск. Чест е да се игра за Вардар“, вели Шеваљевиќ.

Двата меча со ПСЖ и Фленсбург беа одложени, па следна обврска за вардарци ќе биде неделниот натпревар против ПИК Сегед во Лигата на шампионите.