Швеѓани ќе и судат на Македонија во Шафхаузен

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите и за второто коло од квалификациите за ЕП 2022 година.

Македонија првата средба ќе ја одигра во Скопје против Финска на 4 ноември од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а в сабота гостува кај Швајцарија.

Натпреварот кој место во Цуг, ќе се игра во Шафхаузен од 18:30 часот на 7 ноември, ќе го судат шведски арбитри.

Станува збор за Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик, додека делегат ќе биде Швајцарецот Вицтум.