Шведски арбитри за Монпелје и Вардар

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од 11 коло од Лигата на шампионите.

Ракометарите на Вардар гостуваат во Франција кај Монпелје, а таму ќе имаат арбитри од Шведска.

Станува збор за Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик, додека делегат ќе биде Шпанецот Тоњо Хуелин.

Натпреварот меѓу Монпелје и Вардар ќе се игра во „ФДИ Арена“ во среда со почеток во 18:45 часот.

Вардар ќе се обиде да му одмазди на францускиот тим за поразот во Скопје од пет гола разлика, 26-31.