Шведска ослабена на СП – нема да играат Екберг, Нилсон, Нилсен….

Во слична ситуација како Германија, која остана без низа играчи поради семејни причини, е и селекцијата на Шведска.

На скандинавската земја и откажа десното крило Никлас Екберг од Кил и Линус Арнесон од Бергишер. Тие одбија да патуваат во Египет на СП поради тоа што не сакаат да ги изложуваат своите семејства на ризик

Покрај нив, отпадна и пикерот на Рајн Некар Левен, Јеспер Нилсен. Тој откажа поради бидејќи не сака предвреме да се врати на теренот и да ризикува нова повреда. Поради повреди отсуствуваат голманот Михаел Апелгрен и Симон Јепсон.

На СП нема да игра ниту пикерот на Веспрем, Андреас Нилсон. Тој ќе игра со унгарскиот тим на Ф4 на 28 и 29 декември, па побарал уште неколку слободни денови по Нова Година.

Селекторот Глен Солберг не го дозволил тоа, па Нилсон нема да биде дел од шведската репрезентација на Мундијалот. Шведска е во група со домаќинот Египет, Чешка и Чиле.