Шведска ослабена, двајца од најискусните ги пропуштаат првите две средби

Селекторот на Шведска, Глен Солберг мораше да направи две измени во составот во последен момент.

За дуелите од квалификациите за ЕП 2020 против Романија и Косово, Солберг мораше да ги отпише од списокот Лукас Нилсон и Никлас Екберг, но на нивно место веќе има нови имиња.

Селекторот на Швеѓаните одлучи да ги повика Александар Кринц и Симон Јепсон за да го пополнат списокот на играчите на кои ќе смета за дверте средби од ЕХФ неделата.

И без Нилсон и Екберг селекцијата на Шведска влегува со улогата на фаворит против двете репрезентации.