Швајцарците продаваа билети по 70 евра за дуелот со Македонија, но ќе се игра без гледачи!

Репрезентацијата на Македонија во второто коло од квалификациите за ЕУРО 2022 на 7 ноември треба да гостува на Швајцарија во градот Цуг.

Швајцарците пуштија вкупно 3.800 билети од 25 евра до 70 евра, но продажбата од вчера е прекината. Поради зголемената бројка на позитивни случаи, властите донесоа да се игра без публика во спортските арени.

Македонија ги започнува квалификациите за Европското првенство на домашен терен против Финска на 4 ноември.

Покрај тоа што многу натпревари се откажани заради проблеми со заразени ракометари и рестрикции во некои земји, засега овие два дуели на нашата репрезентација ќе се играат.