Швајцарија ќе игра со Данска, ама утре!

Натпреварот меѓу Данска и Швајцарија, што требаше да се игра вечерва од 20:00 часот во Архус, ќе се игра утре во истиот термин.

Оваа информација беше потврдена од Европската ракометна федерација, а новиот термин е поради неможноста на Швајцарците да допатуваат вчера во Архус.

Дел од делегацијата на Швајцарија имала контакт со позитивен тренер во понеделниккот, па мораше да прават нови ПЦР тестови, чии резултати не беа готови до терминот за патување.

Сите тестови се негативни, Швајцарците денеска патуваат за Данска и натпреварот ќе може да се одигра утре.

Вторите дуели од квалификациите, Финска – Данска и Швајцарија – Македонија, се играат во сабота, па Данците и Швајцарците ќе немаат многу време за одмор.