Швајцарија не и направи услуга на Македонија

Натпреварот од квалификациската група во која е и Македонија, Швајцарија и Данска го одиграа својот меѓусебен дуел кој го добија гостите после пресврт во вториот дел со 29:30.

Швајцарија имаше добар старт и почетна предност, отворија со 5:2 и до крај на првиот дел предводени од одличниот Енди Шмид кој постигна осум гола Швајцарците на полувреме имаа три позитива 17:14.

Петнаесетина минути во вториот дел домашниот тим ја одржуваше предноста, но светскиот шампион се врати во мечот и успеа да израмни, а потоа и да поведе. Откако го преземаа водството тие го диктираа резултатот во игра гол за гол, а така остана до крај за триумф на светскиот шампион.

Ако победеше Швајцарија на овој меч, Македонија со победа против истиот ривал в недела, ќе можеше да се пласира на првото место во групата што носеше и втор шешир во ждрепката, но сега остануваме на второ место, што е доволно за третиот шешир.

Репрезнтацијата на Русија немаше проблеми против Фарските Острови и забележа лесна победа со 31:24. Русите доминираа во текот на сите 60 минути, а победата ја обезбедија многу рано. На полувреме имаа преднсот од 16:10, водство кое до крај рутнски го сочуваа за конечен триумф.

Норвешка исто така немаше проблеми и забележа триумф над Летонија со убедливи 23:28.