Шампион победнички ја отвори сезоната во Кичево

Уште еден од дебитантите во Првата машка лига имаше победнички старт, а Шампион успеа да го надигра домаќинот на првиот турнир во Групата А, Кичево со 40:24.

Победникот беше решен уште во првите 30 минути. Шампион успеа да постигне дури 20 гола, а успеа да го зачува својот гол и да прими само девет гола.

Средбата тргна израмнето, но после 5:5 следуваше доминација на тимот од Скопје. До крајот на првото полувреме играше многу подобро и користеше секаква шанса за да дојде до погодок и да има предност на полувреме од убедливи 11 гоа разлика, 20:9.

Во вториот дел од средбата работите беа само продолжени. Шампион продолжи со добра игра и со зголемување на разликата така што 11-те гола од првите 30 минути станаа 16 на крајот за прва и убедлива победа во првата сезона од Првата машка лига.

Кичево на некој начин е исто така дебитант со оглед на тоа што е нов клуб, но овој град имаше и порано екипа во Партизан која не играше во последните години.

КИЧЕВО 2020 – ШАМПИОН        24:40 (9:20)

Сала: „Јанчица“ во Кичево. Судии: Мартин Јовановски и Сашо Јанкулоски од Прилеп. Делегат: Игор Станојоски од Кичево.

КИЧЕВО 2020: Данилоски, Петкоски 1, Анѓелевски 2, Радески 3, Новески 3, Крстески 5, Смилески 4, Јаковлески, Јованоски, Наумоски 2, Мирчески 4, Јкимоски, Зафироски, Михајлоски,  Јолески

Седмерци: 0/3, Исклучувања: 8 мин.

ШАМПИОН: Ступар, Димовски, Ивчески, Игнов 6, Дрпљанин 7, Мишоски 2, Канг 1, Јанаќиевски 3, Налетовски 1, Мојсовски 4, Марковски 2, Миланов 6, Стојановски 8, Манојлоски, Иванов

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 6 мин.