Шампион победнички во Неготино, ќе биде пеколно во последното коло

Екипата на Шампион се враќа со три бода од гостувањето кај Вардар Неготино откако денеска победи со со 30:25 така што во последното коло во директен дуел со Скопје 2020 ќе падне одлуката за тимот кој ќе оди директно во Супер лигата.

Вардар Неготино беше добар ривал, но во поголемиот дел од средбата екипата на Шампион беше таа која што имаше предност. Беше тешко да се одигра овој дуел, но факт е дека составот на Шампион имаше целосна контрола и успеа да се избори за победата.

После израмнетата игра во поголемиот дел од првото полувреме на одмор беше само еден гол разлика во корист на гостите, кои имаа 11:10.

Ова отвори простор за надигрување и во продолжение, а неизвесноста траеше до завршницата. Шампион беше во водство, но Вардар Неготино не дозволуваше да има преголема негатива.

Победникот беше, сепак, решен во последните моменти, а гостите ги искористија своите шанси и си заминуваат од Неготино со три бода со кои остануваат лидери. Воедно во последното коло против Скопје во директен дуел ќе решаваат за директен пласман во Супер машката лига.

ВАРДАР НЕГОТИНО – ШАМПИОН          25:30 (10:11)

Сала: „Младост“ во Неготино. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Саше Јанкулоски од Битола.

ВАРДАР НЕГОТИНО: Божиновски, Стаменов 3, Јефремов, Недев, Ристов 1, Бој. Трпески, Бор. Трпески, Кузманов 8, Ристовски 1, Пеовски 5, Орешков 4, Најдов 3, Ѓорѓев, Петров

Седмерци: 8/9, Исклучувања: 12 мин.

ШАМПИОН: Ивчески, Ацев, Игнов 3, Мишоски 1, Сарашов, Манојлоски, Кочаров 1, Миланов 5, Олтовски 1, Налетовски, Дрпљанин 8, Стојановски 6, Ангелов, Стоилковски 3, Марковски 2, Смилески

Седмерци: 5/7, Исклучувања: 16 мин.