Шампион ги собра бодовите кај Кузман Вардар

Тимот на Шампион славеше на гостуваањето кај составот на Кузман Вардар со убедливи 28-35.

Избраничките на Валентина Радуловиќ отворија со предност од 1-6 и веќе беше јасно каков тек ќе има овој натпревар. До крајот на полувремето Шампион поведе со осум голови, 8-16.

Вториот дел беше само формалност, иако ракометарките на Кузман Вардар на два пати се доближија на минус пет.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Нина Неделковска со девет голови, како и Мила Филипова и Ангела Петровска кои дадоа по шест, додека кај Кузман Вардар се истакна Сандра Јовевска со осум погодоци.