Шампионот Куманово не виде мака со Пелистер

Актуелниот шампион на Македонија во женска конкуренција, Куманово во рамките од второто коло од Женската лига на свој терен немаше големи проблеми против составот на Пелистер и издвојува убедлива победа која беше изразена со осум гола разлика, 34:26.

Гостинките од Битола веќе дигнаа раце при негатива од 2:10. До пауза немаше поголеми промени на теренот, па се замина со резултат и предност од шест разлика, 15:9, за Куманово.

Екипата на Куманово постепено ја градеше својата предност, не му дозволуваше ни најмалку надеж на својот противник и успешно ја чуваше високата разлика до последната секунда.

Најефикасна на натпреварот беше домашната ракометарка, Јована Кипријановска, која беше стрелец на десет гола. Во екипата од Битола, Моника Босилковска беше прв стрелец со седум гола. Во следното коло, Куманово гостува кај Кузман Вардар, додека Пелистер го очекува градското дерби со Феникс во Битола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023