Чурлевски и Трајковски во добра форма, најавија убава сезона со СИФ

Интернационалците од Македонија во првенството на Финска, Филип Чурлевски и Игор Трајковски имаат добра најава за сезоната со тимот на СИФ.

На Мобија турнирот на кој нивниот тим беше организатор успеаја да забележат две победи на три средби.

СИФ славеше победа од 26:20 на првиот натпревар против Гриф, а потоа загуби со 16:28против тимот на БК.

На третиот натпревар СИФ одново забележа победа. Го совлада составот на ХФК со 24:21.