Чурлевски дебитираше за СИФ – прв меч и веднаш најдобар стрелец

Поранешниот ракометар на Пелистер, Вардар Јуниор, Еурофарм Работник и Прилеп – Филип Чурлевски, дебитираше за новиот клуб СИФ.

СИФ имаше голема шанса да го победи БК-46 во третото коло од финскиот шампионат, но иако имаше голема предност од шест гола во текот на мечот, на крајот загуби дома со 23-24.

Чурлевски беше најдобар стрелец на натпреварот и постигна седум погодоци на официјалното деби.

Вториот Македонец во составот на СИФ, Игор Трајковски, беше втор стрелец на мечот и постигна четири погодоци.