10.05.2023., SD Tresnjevka, Kutija Sibica, Zagreb - Paket24 Premijer liga, doigravanje za prvaka, RK PPD Zagreb - RK Nexe.

Чупиќ и Дибиров се „главни“ во Загреб

Еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, тимот на Загреб, имаше победнички старт во хрватскиот шампионат.

Тимот на „плинарите“ одбраната на титулата ја стартуваше со убедлива победа над Мославина од 16 гола разлика, 37:21.

Составот на Славко Голужа победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кое го доби со 20:8.

Одлична партија нa теренот имаа двајцата екс поранешни членови на Вардар, Иван Чупиќ и Тимир Дибиров.

Чупиќ беше најефикасен, постигна девет погодоци од исто толку обиди, додека Дибиров имаше пет од пет.

Куни Моралес, кој исто така го носеше дресот на „црвено-црните“, имашe четири реализации.

Загреб првиот дуел со Еурофарм Пелистер ќе го одигра на 19 октомври на свој терен.