Чупиќ: Ги лечам психата и нервите – ќе продолжам да сонувам за злато од ЕП

Во отсуство на Домагој Дувњак, капитенската лента во хрватската репрезентација ја носеше Иван Чупиќ.

Легендата на Вардар, вели дека жали што заврши уште еден турнир, а тој не успеа да стигне до златен медал од ЕП, единствен што му фали во големата репрезентативна колекција.

„Физички не ми беше проблем, бев добро подготвен. Десното коло што ме мачеше сега издржа. Бев во оптимална состојба. Психички некое време не можев да се средам, но сфатив некои работи и сега ми е полесно. Резултатски ми беше тешко, ги лечам психата и нервите, криво ми е што заврши уште еден турнир во мојата кариера, а јас не стигнав до златото за кое сонувам. Нема смисла да се враќаме назад, туку мора да гледаме напред“, вели Чупиќ за „Спортске Новости“.

Следна акција за Хрватска ќе биде против Украина или Финска преку вториот бараж да обезбеди место на Мундијалот во Полска и Шведска.

Чупиќ освојуваше сребра и бронзи досега на ОИ, СП и ЕП, но нема ниту еден златен медал со Хрватска на големите натпреварувања.