Чиста десетка за Зорица Десподовска

Македонската интернационалка Зорица Десподовска продолжува со одличните изданија во првенството на Полска. Таа минатиот викенд беше номинирана за играч на колото по победата која му ја донесе на својот тим на тешкото гостување, а сега повторно беше лидер на тимот.

Во победата на својот Кобиержице со 37:24 над Рух Хорзов, Десподовска беше најефикасна на теренот со десет гола од десет обиди и беше прогласена за играч на натпреварот. Во супериорното издание ракометарките на Кобиержице уште по првиот дел речиси ја имаа обезбедено победата кога водеа со 15:10.

Кобиержице и понатаму е на третата позиција во првенсството на Полска со десет бода предност пред четвртопласираниот Јарослав кој има и натпреар помалку. Пред тимот на Десподовска се Лублин и Заглебие кој е втор со пет бода повеќе.