Чиле секогаш го победуваме, од Бразил губиме, како ќе биде со Аргентина?

Репрезентацијата на Македонија денес ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство 2023.

Ривал на избраниците на Кире Лазаров ќе биде незгодната селекција на Аргентина.

Македонската репрезентација низ историјата има одиграни шест натпревари против репрезентации од Јужна Америка.

Од тие шест средби има четири победи и два порази, но сите четири победи се остварени против селекцијата на Чиле, која исто така учествува на Мундијалот во Полска и Шведска.

Двата порази се од репрезентација од Бразил. Нашата репрезентација од Бразил беше поразена на квалификацискиот турнир за ОИ во 2012 година и на дебитанскиот настап на Светското првенство во 1999 година.

Вечерва ќе биде првиот меѓусебен дуел меѓу Македонија и Аргентина, а каков ќе биде исходот, ќе дознаеме околу 20:00 часот.