Чешки репрезентативец открива: Македонци ми пишуваа закани на Фејсбук!

Еден од двајцата голмани на чешката селекција, Томас Мрква, пред денешниот натпревар со Македонија откри интересен детал. Тој беше клучен во победата на Чешка над Македонија пред две години на ЕП, откако одбрани пенал по истекот на времето. По тој дуел, некои македонски навивачи го „малтретирале“ на Фејсбук.

За чешките медиуми вели дека сака да се повтори тој сладок миг.

„Секако дека би сакале да го имаме тој сладок момент на победа уште еднаш. Беше прекрасен момент, но, за жал, тоа е две години зад нас“, вели Мрква.

По  натпреварот во Вараждин, на неговиот профил на Фејсбук стигнале неколку заканувачки и навредувачки пораки.

„Не можев да ги преведам целосно, но имаше неколку „пријателски“ пораки. Ми пишуваа повеќе од една недела по натпреварот“, додава голманот на германскиот Бергишер.

За денешниот натпревар вели дека ќе биде еднакво тежок како и претходните соочувања на Македонија и на Чешка, а очекува дека опасност по голот ќе биде Кире Лазаров.

„Тој бара позиција во која нема контакт и веднаш ќе скокне и или испалува префектен шут или ги проигрува слободните соиграчи. Неговиот стил на игра е тој истиот, но можеби не е веќе така брз. Има голема самодоверба како сите Балканци“, завршува Мрква.

Денешниот натпревар меѓу Македонија и Чешка се игра во „Штадхале Арена“ со почеток во 16:00 часот.