Четири голмани во трка за одбрана на годината, меѓу нив и Градимир Чаневски (ВИДЕО)

Голманот на Еурофарм Пелистер, Градимир Чаневски се најде меѓу четирите голмани кои влегоа во потесна конкуренција за одбрана на 2019 година.

Тој имаше неколку добри партии, а една од одбраните против тимот на Кокс се најде во изборот за одбрана на годината.

Кои се другите тројца голмани и како изгледаат најдобрите четири одбрани од кои ќе треба да се одбере шампионот можете да видите во видеото во продолжение.