Чесите ќе ја чекаат Македонија пред 2.000 гледачи, билетите по 400 денари

Чешката ракометна федерација денеска ги пушти во продажба билетите за првиот натпревар од баражот за Светското првенство во Полска и Шведска против Македонија.

Натпреварот ќе се игра во салата „Датарт“ во Злин, која има капацитет од 2.000 гледачи, а со оглед на тоа што не се најавени никакви мерки, ниту сертификати, ниту маски, сигурно ќе биде исполнета до последното место.

Билетите чинат 160 чешки круни, или 400 денари, а веќе се во продажба.

Натпреварот меѓу Чешка и Македонија се игра во Злин на 13 април од 19:15 часот, а реваншот ќе биде во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот.