Чесите спремни за Скопје, го одработија последниот тренинг во Злин (ФОТО)

Во недела Македонија и Чешка го играат реваншот од двомеч баражот за пласман на Светското првенство. По ремито во Злин (24:24) и ние и Чешка со оптимизам влегуваме во вториот дуел кој се игра во Скопје.

Чесите денес го одработеа последниот тренинг во Злин пред тргнувањето за Скопје. Натпреварот помеѓу Чешка и Македонија се игра во терминот од 19:00 часот, а билетите за овој дуел се распродадени и македонските ракометари ќе добијат огромна поддршка од трибините.

Во натпреварот во Злин Македонија во најголем дел од мечот беше подобар противник, водевме и со седум гола разлика, но на крајот со послаба игра во завршницата им дозволивме на Чесите да се вратат во натпреварот.