Червар добива нов директор во репрезентацијата, а Загреб тренер во младинските категории

Кинескиот тим Пекинг Универзитет нема да игра во регионалната СЕХА лига, но во Загреб остана стручниот штаб, Владо Шола и Тончи Валчиќ, кои во иднина ќе имаат друга работа.

Шола ќе биде тренер во младите категории во хрватскиот шампион, а Валчиќ ќе биде дел од стручниот штаб во првиот тим со Вори, Шпољариќ и Јовиќ, пишува „Спортске Новости“.

Покрај работата со младите во Загреб, Шола би требало да ја преземе и директорската функција во репрезентацијата, на која претходно беше Игор Вори. Разговорите меѓу Шола и ХРС се во тек, но би требало да имаат позитивен исход.

Легендарниот голман беше дел од стручниот штаб на националниот тим на ЕП 2018 година токму во Хрватска, а со „коцкестите“ освои светска во 2003 година и олимписка титула во 2004 година.