Чантурија перфектен, Грузија со успешен старт на квалификациите за СП

Селекцијата на Грузија беше сигурна на стартот на квалификацискиот турнир за СП против Велика Британија и триумфираше со 32:26. Грузијците немаа проблеми да стигнат до убедлив триумф и уште на полувремето ја имаа обезбедено победата кога водеа 17:9, а во продолжение само го потвдрија триумфот.

Во репрезентацијата на Грузија настапија ракометарите на Прилеп, а најефикасен на натпреварот беше Реваз Чантурија со шест погодоци. Хазеин Рсутамов постигна еден погодок, додека Мириан Гавашелишвили не доби шанса. Голманот Зураб Цинцадзе собра седум одбрани.

Финска исто така имаше успешен старт на квалификацискиот турнир и ја победи Естонија со 35:30.

Во првото полувреме Финска постојано имаше еден или два предност, а така беше и на полувремето кога домашните водеа 17:15. Во продолжението Естонија само еднаш стигна до израмнување на 19:19, до крајот на дуелот Финска успешно одржуваше водство и стигна до сигурна победа.

Предводници до победата на репрезетнацијата на Финска беа Бенџамин Хеландер со 12 погодоци и Макс Гранлунд кој постигна седум гола. Во тимот на Естонија прв стрелец со шест гола беше Карл Том со шест гола.