Чаир стартува од второто коло, Куманово од третото коло во ЕХФ Купот

Македонија во претстојната сезона ќе има два претставника во женска конкуренција во европските купови.

Тимот на Чаир како дебитант на меѓународна сцена ќе стартува од второто коло, додека Куманово од третото коло.

Во второто коло има 18 екипи, а дали нашиот тим ќе биде меѓу носителите останува да видиме до крајот на оваа седмица.

Куманово е меѓу 23 тима што се директно пласирани во третото коло меѓу кои се Локомотива, Винер Нојштат, Бјеловар, Јагодина…

Ждрепката по која македонските екипи ќе ги дознаат ривалите ќе се одржи на 28 јули.