Чаир не дозволи изненадување, ја оправда фаворитската улога во Струга

Екипата на Чаир на гостувањето во Струга беше подобра од домашниот состав на Стружанка со 29:27 во натпревар од 20. коло во Женската лига.

Чаир иако имаше солидно водство во првата половина од првиот дел, Стружанка во последните десетина минути беше подобар противник и најави интересен натпревар, а првото полувреме заврши изедначено, 13:13.

Во вториот дел, ракометарките на Стружанка се одржуваа во игра и најчесто имаа негатива од два гола разлика.

Екипата од Скопје преку стандардните ракометарки, Николовска и Божиновска се одлепија на 24:19. За домашната екипа на Стружанка не остана многу време за корекција на резултатот. Составот на Чаир во последните минути успеа да го сочува водството и да си замине со победа од Струга.

Чаир во победата беше предводен од Марија Николовска со девет гола, по пет постигнаа Леонора Рахмани и Арљинда Динарица. Во составот на Стружанка, Теодора Дукоска беше прв стрелец со осум гола, додека седум постигна Ивана Затуроска.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ18171052
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА18151246
3ЧАИР18151246
4КУМАНОВО18150345
5ВАРДАР18131440
6ПЕЛИСТЕР 20121991928
7СТРУЖАНКА1881925
8СКОПЈЕ18711022
9ДЕСПИНА18611119
10ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.18431115
11СПАРТАК18501315
12АСТИБО18401412
13ШАМПИОН1921167