ЦСКА Москва во ритам, Сара Ристовска во форма

Репрезентативката на Македонија, која настапува во шампионатот на Русија и за тимот на ЦСКА Москва, Сара Ристовска одигра уште еден солиден натпревар за својот тим. Со колешките дојдоа до победа против Кубан Краснодар од 31:28 така што продолжија со трката за едно од првите две места.

ЦСКА Москва имаше тежок противник така што во текот на сите 60 минути мораше да се одигра максимално сериозно. Мораше да се притиска од првата до последната минута.

Ристовска во оваа победа учествуваше со четири погодоци. Ова беше тешка средба, па на теренот помина 45 минути за кои имеш реализација 4 од 9.

Засега ЦСКА Москва стои цврсто на 3. позиција, а ќе биде навистина тешко да се избори за пласман во повисоко, па ќе мора во четврт-финалето во плеј-офот.