ЦСКА и Ристовска победнички и убедливи против амбициозниот проект Кастамону

ЦСКА Москва во својот прв натпревар во новата сезона од Лигата на шампионите забележа победа против амбициозната екипа од Турција, Кастамону со 34:27, ова беше втор пораз за Радичевиќ и колешките.

Првото полувреме кое помина доста изедначено заврши со гол предност за екипата од Москва, 16:15. Во вториот дел, избраничките на Флорентин Пера преку Ана Грос постепено ја зголемуваа разликата и не дозволија да има изненадување на свој терен.

Стандардно добри партии одиграа двете поранешни ракометарки на Вардар, Јованка Радичевиќ и Сара Ристовска. Радичевиќ во дресот на Кастамону беше прв стрелец со осум гола, додека репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска со пет гола беше втор стрелец во ЦСКА Москва.

Во следното коло, ЦСКА Москва има тешко гостување во Унгарија против Ѓер. Кастамону за следен противник го има шампионот на Словенија, Крим Меркатор.