Црногорците со најдобар резултат во историјата – беа пречекани како херои во татковината (ФОТО)

Селекцијата на Црна Гора на Европското првенство во Унгарија и Словачка го оствари најголемиот успех во историјата на машкиот ракомет во нивната држава.

Тие се вратија во татковината утринава, но и покрај тоа што слетаа на аеродромот во Тиват, сепак тоа не беше пречка да биде организиран убав пречек.

Голем број навивачи и поддржувачи ги чекаа нивните херои и ги поздравија за изданијата што ги имаа на континенталниот собир.

Црна Гора на крајот заврши на 11 место во конечниот пласман, што е најголем успех за машкиот репрезентативен ракомет.

Црногорците ги победија Македонија, Словенија и Хрватска, а загубија од Данска, Холандија, Исланд и Франција.