Црногорската федерација ќе им подели на клубовите 85.000 евра!

Владата на Црна Гора донесе одлука за износот на финансиска поддршка која ќе ја добијат спортските колективи за санација на штетата предизвика од коронавирусот.

Ракoметната федерација на Црна Гора ќе добие 85.000 евра, а тој износ ќе биде поделен меѓу клубовите кои се наоѓаат во системот на натпреварување.

Најмногу ќе добијат клубовите од Првата машка и женска лига – по 2.500 евра, додека оние од Вторите лиги по 2.000 евра.

Помош ќе има и за сите клубови што пријавија екипи за следната сезона во пионерска, кадетска и младинска конкуренција.