Црногорецот од Работнички заминува во Словенија – Лука Вујовиќ потпиша за Копер

Тимот на Работнички го загуби суперлигашкиот статус оваа сезона и се очекува голем број ракометари да си заминат.

По Тоше Ончев, кој се сели во словенечкиот Тримо Требње, уште еден ракометар од Работнички заминува во Словенија.

Станува збор за црногорскиот интернационалец Лука Вујовиќ, кој се сели во тимот на Копер.

Вујовиќ дојде во Металург минатата сезона, а пролетниот дел од сезоната го мина во Работнички, каде што беше меѓу најдобрите стрелци.