Црни облаци над Келце – нема повеќе финансии од градот!

Полски Келце е тимот кој се соочува со сериозни финансиски проблеми поради губењето на спонзорот, а воедно според полските медиуми клубот не се наоѓа на листата за добивање средства од градскиот буџет за 2023 година.

Голем дел од актуелните ракометари на клубот имаат долгорочни договори, но лесно може да се случи на лето сите да имаат нови ангажмани. Прв на листата за заминување е пивото Артем Каралек, кој е посакуван од Барселона.

,,Келце не е единствената организација што не е вклучена во предлог буџетот на градот за 2023 година. Воедно листата не е затворена и може да се дополни, но ако некој сака ќе мора да се обрати до градските власти. Списокот најверојатно ќе се ажурира. Доколку некоја организација поднесе барање, ќе го разгледаме и ќе разговараме за евентуално негово вклучување. Не е дека не сакаме некого да вклучиме”, изјавија од кабинетот на градоначалникот Богдан Вента.

Пред доаѓањето на Вента на позицијата градоначалник, Келце можеше да смета на околу 2,5 милиони злоти (околу 570 илјади долари), но откако е тој на оваа позиција сумата постепено се намалувала, а сега е падната на нула.