Црна Гора во проблеми, без главните ракометари на мегдан со Шведска

Репрезентацијата на Црна Гора се соочува со многу проблеми пред квалификацискиот натпревар против Шведска за пласман на Европското првенство 2022 година во Унгарија и Словачка бидејќи дел од ракометарите ќе ги нема во составот.

Неколку главни репрезентативци нема да можат да настапат во дресот на Црна Гора. Стефан Чавор поради повреда на рамото го очекува пауза од најмалку две до три недели, а бекот Стеван Вујовиќ и пивотот Бранко Канкараш поради мерките поврзани со корона вирусот не се во можност да допатуваат од Катар односно Израел.

Против Шведска нема да настапи и Божо Анѓелиќ, а од поширокиот список неочекувано отпадна Владан Липовина.

Поради ситуацијата со Ковид-19, Шведска не допатува во Црна Гора на 9 јануари, а раководството на ЕХФ одлучи овие две репрезентации да играат во нов термин, 9 март 2021 година.

Во групата 8, Црна Гора е на 3. место со два освоени бодови. Избраниците на Зоран Рогановиќ во досегашните дуели против Косово и Романија беа подобри само од репрезентацијата на Косово, а во следниот термин на крајот на април и почетокот на мај ќе имаат три натпревари во пет дена.

Утрешниот натпревар помеѓу Шведска и Црна Гора ќе се одигра во Лунд со почеток од 18:05ч.