Црвенкоска со нова задача – ќе му биде асистент на Симовски во женската репрезентација

Некогашната репрезентативка Билјана Црвенкоска, по местото во стручниот штаб во машката сениорска репрезентаија, добива функција и во женскиот национален тим.

Црвенкоска ќе му биде асистент на селекторот Симе Симовски, а прв предизвик за новиот стручен штаб ќе бидат квалификациите за пласман во баражот за Светското првенство во Шпанија.

Таа работеше во Вардар, еден период мина и во ЖРК Вардар, пред лани да се пресели во КЛ7 каде што беше во стручниот штаб на Андон Бошковски, но си замина по една полусезона.

Црвенкоска веќе го заврши и првиот Модул од курсот за Мастер Коуч лиценца, а кон крајот на годината треба да ја добие и да влезе во одбраното друштво на македонски тренери.