ЦИРКУС: И го земаа местото на Македонија на Мундијалот, а сега се oткажаа среде првенство!

Иако според сите правила и прописи на Светската ракометна федерација, Македонија како прва европска резерва требаше да игра на Мундијалот во Шпанија на местото на една азиска селекција, сепак ИХФ направи преседан и тоа место и го додели во вајлд-карта на Кина, која не играше ниту квалификации за големиот настан.

Сега тоа му се удри од глава на ИХФ, бидејќи Кина се повлече од понатамошните настапи!

Циркусот во Шпанија, што беше предизвикан од само еден позитивен случај во кинеската репрезентација, го натера ИХФ да го продолжи првенството со 31 селекција.

Сите од делегацијата на Кина што контактирале со личноста која добила позитивен тест, мора да се изолираат и во Шпанија ќе останат уште две недели според правилата на Кинеската здравствена организација, додека заразениот член и по добивањето на негативен тест уште дополнителни шест недели пред да се врати во таковината.

Сите натпревари до крајот на првенството на Кина ќе бидат регистрирани со 10-0 за противниците во Президент Купот, каде што играше оваа селекција по трите порази во групната фаза.