Циндриќ со „дрва и камења“ по ЕХФ: Од кревет излегов на терен и едвај дишам – ова ЕП не требаше да се игра!

Селекцијата на Хрватска нема да игра во полуфиналето на Европското првенство за првпат по долго време, но останува да ги одигра уште последните два меча со Исланд и Холандија.

Лука Циндриќ имаше проблеми со коронавирусот, но му се придружи на националниот тим среде првенство. Тој упати низа критики кон организаторот.

„Десетина дена бев во карантин и буквално од кревет излегов на терен штом ми кажаа дека можам да играм. Разговарам со соиграчите од Барса што играат за Франција (Ричардсон, Мем и Фабрегас). Ова што се случува е лудо, не смееше да се игФотора во вакви услови. Сега коронавирусот почна да напаѓа во сите репрезентации, како што тоа беше кај нас пред ЕП. Нема смисла да се игра вака, првенството мораше да се одложи. За играчите ова е обично мачење и инквизиција. Направив сè за да се вратам бргу, ама сега многу лесно се заморувам, тешко дишам по голем напор и немам голем капацитет на белите дробови, гледам дека ми недостига сила. Без тренинзи дојдов тука да играм. Никој не е објективен и не зборува дека ние немаме толкава ротација како Данците и Французите…Франција има играчи „за извоз“, па пак Исланѓаните ги надиграа без проблеми. Тие можат да донесат искусни играчи, а ние носиме млади момчиња кои иако покажаа дека знаат и можат, не е исто. Искуството е пресудно. ЕХФ и ИХФ мора повеќе да гледаат на нас ракометарите, на нашето здравје. Ова натпреварување не смееше да се одржи сега, во времето кога има нов бран на вирусот“, изјави Циндриќ за Спортске Новости.

Хрватска денеска ќе игра со Исланд, а до крајот на Европското првенство треба да игра и против Холандија.