Циндриќ: Нашата енергија и неверојатните навивачи беа клучот за да испишеме историја со Вардар

Хрватскиот интернационалец Лука Циндриќ кој беше дел од Металург и Вардар, а сега настапува за Барселона го очекува настап на завршниот турнир во Келн каде што ќе се бори за нов трофеј шампион на Европа.

Лука Циндриќ во интервјуто на ЕХФ зборуваше за неговите почетоци и развојот на кариерата каде што потврди дека ракометот е неговиот живот. Уште еднаш тој се потсети на периодот додека беше во Скопје и освојувањето на Лигата на шампионите.

„Во 2013 година преминав во Металург и тогаш започна мојата вистинска авантура, а во 2015 година останав во Скопје но се приклучив на Вардар. Тоа беше нешто соесема поразлично и таму ги поминав најубавите денови од мојата кариера. Тие три години во Вардар беа неверјоатни, најсветол момент беше освојувањето на Лигата на шампиони во 2017 година кога никој тоа не го очеквуваше, но нашиот тимски дух беше посебен“, рече Циндриќ.

Хрватот како една од главните причини за успехот со Вардар нагласи дека била поврзаноста на играчите со навивачите.

„Нашата енергија измешана со неверојатните навивачи испиша историја. Да се биде дел од тоа е навистина големо богатство во животот. Имав среќа што во секој клуб каде што играв имаше одлични навивачи. Поддршка која ве турка и е дополнителен ветаар во грбот“, изјави Циндриќ.

Циндриќ добро го паметат навивачите на Вардар по голот во полуфиналето против Барселона кој го однесе Вардар во финалето во 2017 година. Сега во каталонскиот дрес Хрватот ќе се бори за нова титула, а противник во полуфиналето ќе им биде Нант на Кире Лазаров.