Циндриќ: Жал ми е за Вардар, ама…

Некогшниот ракометар на Вардар а сегашен на Барселона, Лука Циндриќ, во интервју за „Спортске Новости“ вели дека одлуката на ЕХФ да ги откаже осминафиналните и четвртфиналните среби во ЛШ е специфична.

Тој жали што многу клубови се оштетени со таа одлука, а меѓу нив и двата негови поранешни – Вардар и Келце.

„Жал ми е за Вардар и Келце, како мои поранешни клубови, како и за моите поранешни соиграчи поради таа одлука. Мислам дека ЕХФ по секоја цена сакаше да спаси барем нешто што можеше да се спаси. Мислам дека Барселона има сила да стигне до титулата оваа година, без разлика на се“, изјави Циндриќ.

Завршниот турнир од оваа сезона ќе се одржи на 28 и 29 декември во Келн, а освен Барселона, таму ќе играат ПСЖ, Веспрем и Кил.