Цел тим од Исланд во карантин, тренерот има Корона вирус

Шампионатот на Исланд е одложен на неодредено време, а веќе е објавен и првиот позитивен случај во ракометот во оваа земја.

Комплетната екипа на Стјарнан е во карантин и нема да може да го напушта местото две недели, а причината е во позитивен случај на Корона вирус.

Според информациите се работи за еден од тренерите на оваа екипа, а засега нема информации дали и некој од ракометарите се има заразено. Сепак, превентивно сите се сместени во карантин.