Целиот тим на Татран Прешов во карантин!

Ракометарите на Татран Прешов во средата вечерта го одиграа реванш натпреварот од осминафиналето во СЕХА лигата против хрватскиот Загреб и беа елиминирани. По враќањето со автобус во Словачка.

Според мерките на словачките власти, сите граѓани што влегуваат на тамошната територија од странство, без разлика од која земја доаѓаат, мораат да бидат во карантин.

„За да избегнеме компликации, ракометарите беа информирани да не преземаат никаков ризик, нема да имаат тренинзи и ќе останат во домашен карантин“, изјави претседателот на Татран, Мирослав Беницки.

Капитенот Мартин Страновски вели дека дома не прима гости.

„Јас не го напуштав станот, само мојата сопруга беше да купи нешто. Ова се мерки што треба да бидат почитувани. Не е смешно. Ние се вративме од Хрватска, каде што веќе има коронавирус, па мора да се однесуваме како одговорни граѓани. Остануваме дома со сопругата и ќерката, чија градинка е веќе затворена. Не примаме гости. Мора да чекаме и да видиме што ќе се случи“, изјави Страновски.

Првенството во Словачка е стопирано и се уште не е познато кога ќе продолжат натпреварите.