Царчев: Амбициите на Вардар се секогаш да биде на врвот

Екипата на Вардар иако во новата сезона влезе со изменет состав и подмладен тим, сепак, во првото коло од Женската лига му „покажа заби на амбициозниот Чаир, кој беше најактивен на трансфер пазарот.

Вардарки во најголемиот дел од дуелот беа во предност, но на крајот натпреварот заврши без победник, 29:29.

Тренерот на Вардар, Александар Царчев, истакна дека клучен фактор за испуштената победа била серијата на Чаир од 5:0 во 45-та минута.

,,Девојките работат напорно, се подготвуваме месец и пол, засилувањата кои пристигнаа полека се вклопуваат во тимот, треба уште работа и голема посветеност. Пресуден момент на дуелот беше кога тренерот на ривалот побара тајм-аут, ние имавме пет гола разлика, 21:16, им реков на девојките дека треба да ја одржуваме разликата за да не се приближат, но ракометарките на Чаир направија серија 5:0 и се вратија во игра. Дефинитивно, не можам да им замерам на девојките, се бореа, сакавме победа, мислевме дека ќе победиме, меѓутоа тоа е спортот, една до две грешки можат да пресудат за исходот. Доколку ги освоивме трите бода денес, ќе бевме многу повеќе поконкурентни за титулата. Амбициите на Вардар се секогаш да биде врвот, а до каде ќе стигнеме ќе покаже времето”, изјави Царчев за 24Ракомет.

Вардар во следното, второ коло за ривал го има тимот на Скопје, потоа следуваат дуелите со Овче Поле СУ, Гевгелија, Шампион…

Градското дерби меѓу Вардар и Чаир заврши без победник