14.05.2023., Nasice - Paket 24 Premijer liga za prvaka, doigravanje, RK Nexe - RK PPD Zagreb.

Хрватскиот шампион Загреб на тест со македонскиот вицепрвак

Екипата на Загреб, која е неприкосновена во Хрватска, во дел од подготвителниот период ќе тестира против македонскиот вицепрвак Алкалоид.

Загреб, исто така покрај пријателските дуели со Алкалоид и еден прволигаш од Австрија, ќе настапи на силниот турнир во Добој, па така „плинарите“ ќе имаат добра проверка на силите.

Избраниците на Кире Лазаров, кои дел од подготовките ќе ги одработат во Хрватска, ќе настапат и на турнирот во Струга, кој ќе се одржи во периодот од 16 до 19 август.

Покрај Алкалоид и домаќинот Струга, учесници ќе бидат и Вардар, АЕК Атина, шведскиот тим Гуиф и српскиот Партизан.

Тимот од Автокоманда во минатата сезона го имаше дебитанскиот настап во Супер лигата и во своето суперлигашко деби направи голем успех освојувајќи го второто место.

Со освоеното второ место обезбеди настап на европска сцена, односно директно место во Лига на Европа.