„Хрватскиот Хансен“ со дрва и камења по ЕХФ: Срамота – сега уште повеќе ќе се запали огнот!

ЕХФ ги подели местата за Лигата на шампионите за мажи, а со оглед на тоа што за 6 места конкурираа 14 екипи очекувано е да има разочараност и лутина кај екипите кои не добија место во најдоброто клупско натпреварување.

На место во елитното натпреварување се надеваше екипата на Динамо Букурешт која во минатата сезона преку послабите групи стигна до осминафиналето каде што требаше да игра против ПСЖ. Динамо беше единствената непоразена екипа во минатата сезона и со вложувањата кои ги направија очекуваа место во ЛШ и следната година.

Сепак ЕХФ одлучи да не му додели вајлд карта на шампионот на Романија кој како втора резерва зад Висла Плоцк ќе чека евентуално откажување на некој од тимовите. Хрватскиот „Микел Хансен“ – Анте Кудуз, кој е најдобар стрелец на тимот на Инстаграм го изрази своето незадоволство.

„Срамота, срамота, срамота. Ова одлука само уште повеќе ќе го потпали огинот, но ние нема да се откажеме“, напиша Кудуз на социјалната мрежа.

Динамо Букурешт наредната сезона ќе се натпреварува во новото натрпеварување Лига на Европа каде што ќе има многу квалитетни екипи кои во минатото играле во Лигата на шампионите. Исто така романскиот тим од наредната сезона ќе биде дел и од СЕХА лигата.