„Хрватска има квалитетни леви бекови – шанса треба да добијат Мандалиниќ, Кудуз, Шарац…“

Поранешниот ракометар на Вардар, Блаженко Лацковиќ  во интервју за „Спортске новости” зборуваше за искуството како помошен тренер во екипата на Хамбург, состојбата во репрезентацијата на Хрватска и резултатите од квалификацискиот турнир во Монпелје, како и за ракометарите кои во иднина треба да добијат шанса во националниот тим.

Ракометната јавност во Хрватска смета дека уште од времето кога самиот Лацковиќ беше страв и трепет од левата бековска позиција, националниот тим нема квалитетен шутер.

Лацковиќ вели дека има квалитетни леви бекови, но стручниот штаб треба да одлучи кој е најпотребен за лидер на таа позиција. Тој го издвои ракометарот на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ поради одличните партии во дресот на тимот од Битола и новиот ракометар на Вардар од следната сезона, Анте Кудуз.

„Прво, не сум за тој вид на споредба, патовите се различни. Мојот посебно, бидејќи реално прв пат на СП во Португалија влегов во игра, а тоа сега не би било баш реално и можно. Треба реално да ја гледаме ситуацијата, можностите, да видиме кого имаме од најстариот Мандалиниќ кој игра многу добро, потоа Мамиќ, Шарац, Јагањац, Кудуз кој сега ќе биде во Вардар. Тоа е некоја ширина на левата позиција која ја имаме во моментов“, изјави Лацковиќ.