Хрватите решија да нема шампион, нема испаѓање и нема ширење на лигата

Управниот одбор на Ракометниот сојуз на Хрватска донесе одлука околу крајот на актуелната сезона. На седница која се одржа течефонски беше донесена одлука комплетната сезона 2019/2020 да биде поништена.

Со ова е донесена одлука да нема шампион во сезоната која требаше да биде во својот финиш во текот на мај. Покрај тоа што нема да има првак во овој шампионат, нема да има ниту напуштање на лигата, но ниту зголемување на истата.

Според сето ова екипите ќе го задржат статусот кој го имаат и во новата сезона 2020/21 составот на лигите ќе биде ист како и во оваа, која мораше да биде прекината и да биде решена по административен пат.

Воедно, за пријавување во СЕХА лигата и во европските купови пријавувањето ќе биде врз основа на пласманот кој беше остварен во сезоната 2018/2019 така што ќе биде сè исто како и при завршувањето на минатата сезона.