Хрватите го растргнаа Хорват – „Никој не може да ме увери дека Црна Гора и Холандија се подобри од нас“

Хрватска на Европското првенство заврши на осмото место и овој резултат никако не ги задоволува амбициите на Хрватите. Селекторот Хрвоје Хорват беше гостин на телевизија РТЛ и мораше да одговара на многу непријатни прашања на хрватските ракометни легенди.

Откако Хорват даде пошироко орбазложение за остварениот резултат и низ какви сè проблеми морала да помине неговата репрезентација и играчи наиде на жестоки критики од гостите во емисијата, особено од Петар Метличиќ кој смета дека Хрватска морала да ги совлада Холандија и Црна Гора.

„Слушнав само оправдувања, имавме проблеми, корона, не е таа екипа и многу други. Никој не може да ми докаже и да ме увери дека Црна Гора и Холандија се подобри од нас. Потоа овие две репрезентации лесно губеа, знам дека не беше лесно но сметам дека требаше да играме барем за петото место. Секоја чест за Холандија и Црна Гора, но со победи на тие два меча ќе бевме на чекор до пласман на СП. Играчите кои беа на првенството се доволно квалитетни за победи против овие две селекции. Морам да кажам, колку лош натпревар против Црна Гора а имавте три дена за подготовка. Не е проблем во лошата игра туку, во пристапот. Екипата не беше на теренот и тоа е разочарувачки. Ништо не ни значи добрата игра против Данска, повторно останавме без бодови. Никој не очекуваше победи против Данска и Франција, но Црна Гора и Холандија моравме да ги победиме.

Хорват се бранеше од нападите на Метличиќ, но доби поддршка од Горан Шпрем.

„На колку претходни првенства е менувана целата постава од натпревар до натпревар да не можете да одиграте два дуели со истите играчи? Одбраната требаше да биде нашата најсилна страна но до Црна Гора ние трипати го менувавме составот. Девет играча од средината на одбраната ни отпаднаа. Немавме време ниту да се договориме, прелсесно примавме голови, промашувавме зицери и тоа не правеше нервозни. Искрено мислев дека ќе мора вас да ве барам за следниот натпревар“, рече Хорват.

Но ваквото оправдување не беше прифатено и Метличиќ продолжи со критиките но и советите.

„Сега јас ќе те научам нешто, и ние сме биле во ваква ситуација. Ја работиме нашата работа и на сите нас целта ни е хрватскиот ракомет да биде само подобар. Ниту ние те поставивме за селектор ниту ние ќе те промениме, но морам да кажам дека вербалниот натпревар никогаш нема да го добиеш. Го губиш фокусот на екипата и своите задачи. Сум бил и јас во таква ситуација, секогаш нè критикуваа но што да правам, да ја убија пола Хрватска? рече Метличиќ.

Хорват мораше да одговара на уште многу непријатни прашања, зошто некои играчи биле изставени и не биде дел од тимот. Целиот разговор може да го прочитате тука.